Најголемиот саем на универзитети
6 јули (сабота) | Младински културен центар (МКЦ) - Скопје
10:00 - 16:00
УНИКОМПАС - Саемот на универзитети е единствена можност за средношколците и стyдентите да се сретнат со претставници на универзитетите ширум земјава, да дознаат за нивните студиски програми, можности за стипендии и кариера, да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта кои ќе ја одредат нивната иднина.
Најважната одлука за твоето образование.
Зошто да присуствуваш на УНИКОМПАС?
КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ
УШТЕ НЕ ЗНАЕШ КОЈА СТРУКА ДА ЈА ОДБЕРЕШ?
Не грижи се. Дел од настанот ќе бидат професионални кариерни советници од Програмата за кариерно советување на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), кои на лице место ќе ти помогнат да ја одбереш вистинската насока, според твоите интереси и вештини.
РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
Те плаши преминот од средно на факултет?
Те чекаат нови и возбудливи промени: живеење во друг град, осамостојување, нови професори, нови лица, колоквиуми и испити.
Работилницата со психолог ќе те опреми со стратегии и вештини за справување со анксиозноста и ќе те научи како полесно да управуваш со новите обврски кои те очекуваат.
РОДИТЕЛСКО КАТЧЕ
СОДРЖИНИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ/СТАРАТЕЛИТЕ
Доколку на настанот дојдеш со родител или старател, имаме активности и за него/неа!
Преку посебна работилница со психолог, тие ќе научат ефективни комуникациски стратегии за тоа како да ги поддржат нивните деца во изборот на образование и како да ти помогнат полесно да ја донесеш одлуката. Плус, ќе се запознаат со можностите за стипендии и кариера што ги нудат факултетите.
БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД НЕКОЛКУ ГРАДОВИ!
Во соработка со општините, организираме бесплатен превоз до и од Младинскиот културен центар - Скопје, со цел да се осигураме дека што повеќе средношколци ќе можат непречено да дојдат на саемот.
На овој линк провери дали твојата или општината во твоја близина нудат бесплатен превоз и пополни го формуларот за да резервираш место.
НАГРАДИ
на саем, ПА НА МОРЕ!
Секој што ќе присуствува на саемот УниКомпас, влегува во игра за главната награда - летување за двајца во Будва, Црна Гора!
Заслужуваш добар одмор пред новиот студентски живот!
Извлекувањето ќе биде на лице место.
Реализирано од @studentarijamk - Најголемата студентска заедница
Овој настан е поддржан од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Студентарија“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).